Кочански бизнисмени го купија „Руен“

Bez autora
May 25 2014

За сума од 1,5 милион евра кочанската фабрика за автомобилски делови „Руен“ доби нови сопственици. Фабриката и во буквална смисла станува кочанска, бидејќи нејзини нови сопственици се две познати кочански фирми, „Тинг инокс“ и „Офис експрес“. Овој стопански капацитет, кој на времето вработуваше 1.400 работници и беше продаван и препродаван повеќе пати и над кој се надвисна неизвесна судбина, е продаден на јавна аукција по електронски пат при што кочанските фирми ја имале најповолната понуда, не само во финансиска смисла.

Кочански бизнисмени го купија „Руен“За сума од 1,5 милион евра кочанската фабрика за автомобилски делови „Руен“ доби нови сопственици. Фабриката и во буквална смисла станува кочанска, бидејќи нејзини нови сопственици се две познати кочански фирми, „Тинг инокс“ и „Офис експрес“.

Овој стопански капацитет, кој на времето вработуваше 1.400 работници и беше продаван и препродаван повеќе пати и над кој се надвисна неизвесна судбина, е продаден на јавна аукција по електронски пат при што кочанските фирми ја имале најповолната понуда, не само во финансиска смисла.

„Фабриката која ќе го носи името ’Руен инокс автомобиле’ ќе стартува со производство на 1 јули годинава, а официјалното пуштање во работа ќе биде на 12 јули, на Петровден, кој е Ден на градот“. Тоа го најави Славе Јорданов, сопственик на „Тинг инокс“. Тој вети дека тие, како нови сопственици, ќе ја продолжат полувековната традиција на оваа фабрика како и 25-годишната традиција на „Тинг“ и „Тинг инокс“, преку производствена програма по која „Руен“ и досега беше познат во деловниот свет на автомобилската индустрија.

„На работа ќе го вратиме целиот стручен кадар, а паралелно со тоа ќе примаме нова, претежно млада работна сила, која ќе ја претставува иднината на оваа фабрика“, потенцира Јорданов.

„Руен инокс автомобиле“ ќе стартува со почетни 1.220 работници, а како ќе се зголемува динамиката на производството, така ќе расте и бројот на работниците при што е планирано таа бројка, во догледно време, да се заокружи на 340 лица, колку што приближно работеа пред фабриката да замине во стечај. Во старт ќе бидат инвестирани најмалку 350.000 евра за реновирање на халите, машините, алатот... За Иванов најголем почетен проблем ќе биде запоставениот пазар поради што и со вработувањата ќе се оди етапно. Веднаш по преземањето „Руен инокс автомобиле“ почна да врши услуги со репарација на квачила, врши термички услуги и ја отвори ковачницата.

Овој некогашен стожер на кочанската економија и значаен македонски стопански капацитет доживеа стечај кон крајот на 2012 година кога компанијата „Деимио“ регистрирана во Луксембург, со француски капитал, објави дека повеќе не е во можност да си ги плаќа обврските. Стечајот траеше околу три месеци, бидејќи во месец февруари минатата година Собранието на доверители на судско рочиште во Основниот суд во Кочани донесе одлука „Руен ИТ“ да оди на продажба во четири пакети. Доверителите водеа сметка да не дојде до нарушување на основата и на целината на фабриката, за кога ќе се продаде првиот пакет, новиот инвеститор веднаш да може да почне со работа. Тогаш беше речено дека имотот на фабриката е проценет на 405 милиони денари, додека обврските ја надминале сумата од 453 милиони денари. Најголем доверител е Тутунска банка со 35 проценти од побарувањата, потоа Македонска банка, Триглав осигурување, ЕВН Македонија и кочански „Водовод“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik